Првпат по интензивниот пролетен бран од пандемијата на Ковид-19, кој полека но сигурно спласнува, Центарот за јавно здравје – Гевгелија во својот регион на дејствување бележи едноцифрен број активни пациенти, поточно само девет, велат од Општата болница со проширена дејност.

Седум од нив се наоѓаат на територијата на општина Гевгелија и две лица се во општина Богданци,а Дојран е единствената општина на југоистокот без активни пациенти на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во регионот на подрачната единица при ЦЈЗ Гевгелија до денеска се регистрирани вкупно 2.817 заразени лица од кои најмногу, поточно 2.191 во општина Гевгелија, 494 во општина Богданци и 132 лица во општина Дојран.

Црниот биланс бележи 86 починати лица од кои 71 во општина Гевгелија, 12 во општина Богданци и три во општина Дојран, а за среќа отанатите, повеќе од 2.700 лица успеале да ја победат опасната болест.