На денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Четири години власт на Заев, четири години украден живот“ во однос на земјоделието говореше Цветан Трипуновски кој што истакна дека владата на Зоран Заев системите за наводнување во земјоделието тотално ги заборави и прави класична распродажба на државното земјиште.

„Ниту навремена исплата на субвенции ниту загарантиран пласман и откуп на земјоделските производи ниту поголем девизен прилив за Македонија. Владата предводена од СДСМ донесе погубни политики за Македонија. Водата како битен ресурс требаше да има особен акцент. За потсетување СДСМ во предизборието ветуваше инвестиции од десетици милиони евра. на годишно ниво за изградба и обнова на постоечките системи за наводнување. Денеска сме сведоци дека во овие четири години приоритет за АД Водостопанство и владата предводена од Зоран Заев приоритет се набавка за нови возила за ова акционерско друштво но не и изградба и санација на постоечките системи за наводнување. Се доведоа во ситуација да не можат плата на вработените да им исплатат во акционерското друштво. Менаџерскиот тим кој го предводи АД Водостопанство не успеа ниту да набави резервни делови а не пак да инвестираат. ВМРО-ДПМНЕ вети и стои на тоа дека ќе инвестираме 20 милиони на годишно ниво во наредните 10 години“ истакна Трипуновски.

Трипуновски додаде и дека власта предводена од Зоран Заев се обидува да ја распродаде Македонија и државното земјоделско земјиште.

„СДСМ се обидува да ја распродаде Македонија. Ова законско решение има многу скриени елементи кој што јавноста треба да ги знае планираат во првите три години со годишните програми кој што сакаат да ги донесат да продадат 50 000 најквалитетно земјоделско земјиште. Накратко кажано ќе останеме и без квалитетна почва и без средства“ нагласи Трипуновски.