Татјана Ристова-Димова од Комисијата за труд и социјална политика на панел дискусијата во организација на ВМРО - ДПМНЕ насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“ се осврна на погрешните реформи во системот на социјална заштита, нееднаквите политики на социјална инклузија.

„Сега требаше да се зборува за социјална инклузија, за проекти, за една реформа на системот на социјална заштита, за детска заштита, за стандард на пензионерите. Но, нема ниту еден проект од оваа област. Ништо не е постигнато“, рече Ристова Димова.

Според неа од реформи нема ни буква „р“, а од проекти има само „ќе“.

„Активните мерки треба да се насочени кон граѓанинот, а треба да се креирани и по мерка на граѓаните, за разлика од тоа добивме законско решение кое наместо кохезија направи сегрегација. Дополнително на тоа влијаеше и корона кризата. Наместо решенија се направија низа лавиринти за до дојде граѓанинот до целта ако воопшто дојде. Нема развој на услугите за лицата на кои им се потребни истите, а се од социјалната заштита. Се потроши кредит од Светска банка за да дојдеме до она што значи вооедначен пристап и соодветна услуга и затворање на ризикот и излегување од системот на социјална заштита“, кажа Ристова-Димова

Со оваа Владата, заклучи Ристова Димова, граѓаните кои имаа потреба од решавање на нивните проблеми само се продлабочија истите.

„Нмаесто решенија за социјалните проблеми и излегување на луѓето одс ситемот на социјална заштита, надлежните и заглавија граѓаните. Наместо решенија им направија проблеми“, кажа Ристова-Димова.