Шилегов денеска требаше да пушта во употреба тунел под Кале или мост кон Влае со продолжување на булевар Илинден, но Шилегов е мрзелив и не му се работи, па ниту почна да гради, па затоа денеска гледаше како работници од ЈП Паркови и зеленило засадуваат пар дрва.

Ветуваа работа и посветеност, а добивме само посветеност во крадење и работа околу делење на проценти.

Девастација има не само во главата на Шилегов, туку и низ цело Скопје. Срамота е градскиот татко да се фали дека ЈП Паркови и зеленило засадило дрворед, тоа е редовна активност на тоа претпријатие, и тоа е цела на неговото формирање и постоење. Садењето дрва од ЈП Паркови и зеленило не е проект за кој градоначалник на Скопје треба да држи четвртчасовен настан.

Шилегов и Богдановиќ ветуваа нови зелени површини, зелени покриви на сите институции и приватни згради, чисти воздух и проекти кои ќе го подобрат и одржуваат квалитетот на воздух, а за 4 години имаме само неколку квадратни метри засадена трева на две згради.

Шилегов и Богдановиќ прокоцкаа 4 години од животот на скопјани. Скопје стагнира 4 години. 4 години власт на СДСМ и Заев, 4 години украден живот. Доста е!