Фолклорниот ансамбл „Бојмија“ од Гевгелија ќе биде организатор на музичка работилница за сите љубители на македонската народна музика и мелос.
Според организаторите, главна цел на работилницата ќе биде учесниците да се запознаат со македонската изворна музика преку совладување на техниките за свирење на традиционалните иструменти кавал,тамбура и тапан.
Пријавувањето на заинтересираните за учество завршува денеска, а утре започнуваат активнотите на работилницата која ќе трае цели шест месеци под водство на Сашко Атанасов, по потекло од гевгелиското село Негорци, кој е дипломиран етнокореолог, играч од прв ред и солист на државниот ансамбл „Танец“ од Скопје.
Музичката работилница е организирана во соработка со Министерството за култура и општина Гевгелија, а часовите ќе се одржуваат во салата на Пионерскиот дом во Гевгелија.