Сите активности неопходни за реализација на експресниот пат Штип - Радовиш се обезбедени за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Уште во текот на 2015 година се обезбедени средства и е изготвен основен проект за изградба и е извршена експропријација за истиот. Воедно, тендерската документација и постапка се водени пред промената на власта, така да СДСМ на готово доби изведувач на работите.
За време на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, беа обезбедени средства, изготвен проект и завршување на експропријација, како и завршена тендерска постапка и потпишан договор за изградба за патниот правец Штип - Кочани, и сите тие работи беа завршени во 2016 година. 5 години им треба на СДСМ да пркнат со изградбата и да се фалат со истата и да манипулираат со делење на еден пат на повеќе секции со цел добивање на повеќе поени.
СДСМ дозволи на завршен проект за патниот правец Градско – Дреново – Фариш, да пропадне и да се прекине со веќе почнатата интензивна градба.
Скопје – Блаце е делница која до сега неколку пати требаше да биде завршена, се работи за пат од 12 километри, а за кој има договор за 2 километри од кои што се направени 20 метри, со тампон, а за цена од 12 милиони евра.