Штипскиот градоначалник Сашко Николов и бизнис секторот денеска имаа средба со претставници на Министерството за надворешни работи, меѓу кои и директорот за економска и јавна дипломатија Игор Попов, како и економските советници за Турција, Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, како и за Германија и Австрија, Обедениетите арапски емирати, Кувајт и Саудиска Арабија, Оман и претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

-Како градоначалник со економските советници разговараме за можноста за продлабочување на соработката меѓу Општина Штип и Министерството за надворешни работи, а исто така разговараме и можните потенцијали ги поседува Штип и инвестирање во областа на животна средина, туризмот, економијата, вели Николов.

Тој истакна дека како општина ги презентирале и можностите за странските инвеститорите, а исто така презентирана е и можноста за инвестиции во бањскиот туризам, искористувајќи ја геотермалната вода на Кежовица. Разговарано е и за средба меѓу словенски фирми и преставници на компаниите кои имаат добиено концесии за користење на оваа вода. Економските советници покрај тоа што беа во посета на Општина Штип, ги посетија и успешните фирми „Актива„ и „ЕАМ“ во Штип.