Четири години СДСМ лаже за клинички центар.
Заев и Филипче досега имаат само физибилити студија од 30 страни која очигледно им е покритие за пљачка.
Во Белград се гради клинички центар со исти перформанси и истиот чини 125 милиони евра, а во Македонија нема проект за нов клинички, ама има цена повисока од над половина милијарда евра.
Во цената за клинички центар не се вклучени геомеханички испитувања на земјиштето, водовод, канализација, пристапни патишта, што значи ќе биде и поскап.
За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од 125 милиони евра. А, според карактеристиките станува збор за ист клинички центар. Единствената разликата е во тоа што тој во Белград се прави за четири пати помала сума и со детален проект.
ВМРО-ДПМНЕ предлага дисперзиран здравствен систем, кој веќе се прави во другите земји. Тоа го налагаат потребите наметнати по корона пандемијата. Истите бараат зајакнување на здравствените установи и воспоставување на дисперзиран здравствен систем. Ова веќе го спроведуваат и земјите во ЕУ, но само Филипче никако да разбере.
Филипче и Заев се грижат само за 400-те милиони евра кои треба да ги споделат со нивните бизнис партнери, а го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е против закон за нов клинички центар.
ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка!
Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е!