Експресниот пат Штип – Радовиш на кој што денес се наоѓаме е целосен проект на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите активности неопходни за реализација на овој пат се обезбедени од претходната Влада.
Уште во 2015-тата година се обезбедени средства и целосно е изготвен проектот за изградба на експресниот пат.
Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ.
За тоа оваа пракса не смее да продолжи. Инфраструктурата повторно ќе биде ставена во преден план после победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори.