Зоран Заев не е во позиција да кажува што било исполнето, а што не е од лидерската средба,во ситуација кога секогаш законите и правилата ги користи за свои лични цели и криминални агенди.
Зоран Заев треба да одговори многу прецизно дали е точно дека ги прифаќа бугарските позиции, да каже за каков договор преговара и дали тој договор ги вклучува јазикот, нацијата и посебноста на Македонскиот народ.
За тоа колку тој изградил и не допринел за развојот на државата по 4 години апсолутна власт доказ е што пушта во употреба проекти кои што се изградени и направени од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е така затоа што нема ниту еден сопствен проект.
Цел мандат помина во неработа, и Заев и неговите градоначалници ја запустеа Македонија. 4 години власт на години власт на Заев, 4 години украден живот. Доста е!