Како што Бугарија во парламент си донесоа декларација, истото требаше и ние - не му верувам на Заев дека не преговара за идентитетот, порача вечерва во емисијата “Што не е јасно”, професоркатаи пратеник Гордана Силјановска Давкова.
-Не, не му верувам. Ако постои Јанус со две лица, тогаш постои нашиот премиер со многу лица. Не паметам став до кој се додржал. Не знам колку пати го сменил. Инаку дека и во поглед на идентитетот и во поглед на јазикот не верувам бидејќи со склучувањето на Преспанскиот договор таму има одредби дека оние луѓе мои роднини од таа страна на границата не се Македонци и зборуваат некој друг јазик. Ако во бугарскиот парламент си донесоа Декларација, и ние требаше овде да манифестираме и да изградиме национална политика кон најважните национални прашања. А вака сме како вејки на ветрот, децидна е Силјановска-Давкова.
Откако претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред два дена рече дека е договорено опасно сценарио за надминување на проблемот со Бугарија - загрозувачко за македонскиот идентитет, владата ја демантираше информацијата. Но не изнесе ниту еден детал од преговорите.