Единствениот кој нанесува штета на националните интереси е Зоран Заев.

Сега на повидок е ново национално предавство од страна на Заев и Бучковски кој опфаќа откажува на македонскиот јазик, идентитет и историја. За ова нема одговор од страна на СДСМ и Заев дали Бучковски е испратен да преговара врз основа на декларацијата на бугарскиот парламент, што значи откажување од македонската национална посебност?

Доколку нема ништо тајно, ќе излезеа пред јавноста и ќе кажеа што е понудено и што се преговара со Бугарија и ќе го обзнанеа т.н. Патоказ. Но, и Заев и Бучковски како и целата влада која ја предводи СДСМ молчат и бегаат да одговорат дали бугарската Декларација е условот за почеток за преговори со ЕУ и дали истата веќе е прифатена.

Декларацијата на Бугарија е јасна и таа ги негира постоењето на македонскиот народ, јазик и историја но и темелите на македонската државност поставени на АСНОМ.

На народот му е преку глава од ваквите национални понижувања кои ги прави Заев откако власта е во негови раце.

4 години понижувања со Заев, 4 години украден живот. Доста е!