Денес, на Меѓународниот ден на животната средина, сме пред Министерството за животна средина да им го пренесеме ужасот и смрдеата со која се соочуваат граѓаните, поради нивната неодговорна работа.
Нелегалните депонии се поставени во скоро секоја општина, особено каде што живеат Албанци. Честопати овие депонии се наоѓаат во близина на станбени населби, најфреквентни улици, но исто така и близу до училиштата и градинките. Граѓаните, а особено децата, се соочуваат секој ден не само со лошиот мирис, туку и со ризикот од заразни болести и бездомни животни кои се собираат околу депониите.
Во меѓувреме, сегашната Влада, Министерството за животна средина и други службени лица, наместо да наоѓаат трајни решенија за проблемите со големите диви депонии и мини депонии во секоја населба, тие бесрамно организираат промоции и прослави на овој ден што ги симболизира животот и здравјето.
Во знак на протест, ние, активистите на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците, донесовме денеска пред Министерството за животна средина симболично количество отпад што е точно резултат на нивното лошо управување од оваа институција. Граѓаните ги трпат овие слики и мириси секој ден. Се надеваме дека господарите на моќта ќе го издржат барем еден ден и дека овој мирис и оваа слика ќе го расчистат и рефлектираат итно.
Алијанса за Албанците