Општина Струмица ја заврши изградбата на парк во втора урбана заедница, во близина на ООУ „Никола Вапцаров“, на површина од 2.500 метри квадратни, од кои 2.100 се зелена површина.

Како што информираше градоначалникот Коста Јаневски, на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина градот добил уште една уредена јавна зелена површина.

-Паркот има клупи за седење и корпи за отпадоци, а поставена е и подземна инсталација за наводнување на зелената површина со системи за распрскување. Зголемувањето на јавните зелени површини секогаш е приоритет за Општина Струмица и согласно Програмата за животна средина ќе продолжиме и понатаму, објави градоначалникот Јаневски.

За овој зафат Општината потроши два милиони денари, а изградбата заврши за помалку од еден месец.