Во тек цветно и хортикултурно уредување на јавните површини во Берово и М.Каменица.

Активностите во Берово се реализираат во пресрет на туристичката сезона, а работите како што информираат од општината ги изведува Јавното претпријатие закомунални работи „Услуга” од Берово.

– Се уредуваат градските паркови, кружниот тек, цветните жардињери, насекаде во градот. Годинава, покрај големиот број на засадени цвеќиња во централното градско подрачје, цветен аранжман во форма на пеперутка, ја краси јавната површина кај градскиот стадион и претставува вистинска убавина за очите, информираа од Општината.

Како што истакна директорот на ЈПКР „Услуга”, Илија Рунтевски, акцијата за цветно и хортикултурно уредување, ќе продолжи и во следниот период, при што ќе бидат засадени голем број на сезонски цвеќиња.

Во Македонска Каменица во рамки на акцијата која ја спроведуваат вработените во Јавното претпријатие „Камена Река” се засадуваат над 30.000 најразлични цвеќиња произведени во расадникот на претпријатието.

Паралално со акцијата за хортикултурно уредување на парковите и јавните зелени, како што информираа од претпријатието се работи на уредување и кроење на крошните од зимзелените и листопадните дрвја во централното градско подрачје на Македонска Каменица.