Акција за чистење на дел од брегот на Тиквешко Езеро викендов организираше регионалното еколошко друштво „Еко-живот” од Кавадарци.

Претседателот на Здружението, Роберто Паризов попладнево рече дека и во иднина, како и досега, ќе работат на решавање на проблемите од сферата на заштитата на животната средина. -Нашите активисти и понатаму посветено ќе работат на заштита на биодиверзитетот. Голема благодарност до пратеничката Даниела Колева која ни се приклучи во акцијата, до ЈП „Комуналец” за несебичната поддршка, како и до општина Kавадарци со која имаме се почеста соработка за подигање на свесноста, како и синхронизирање со националните стратегии за животна средина, додаде Паризов.

Колева која учествуваше во еко акцијата за расчистување на месноста Брушански залив, рече дека само со „заеднички труд и вистински навики кај сите, ќе може да ја заштитиме животната средина и да ја зачуваме чиста и безбедна за идните генерации”.