Долготрајната суша која подолг период е присутна во овој дел од земјава повеќе од еден месец, негативно се одрази врз водотеците во кичевијата и бродско а, најмногу тоа се почуствува врз коритото на најголемата река Треска, на која изминатата недела водостојот се спушти на кота 20, со тендеција на натамошно опаѓање –потврди за МИА , Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.
-Годинава состојбата со водотеците е слична со онаа од претходната година, кога уште во јуни имавме забрзано намалуваење на водата во реките поради недоволни врнежи од дожд и немање на поголеми коичества на снег на планините во регионот, каде снегот речиси целосно се стопи и од површинските води единствено можеме да очекуваме повеќедневни врнежи од дожд, кои ќе ја подобрат состојбата со реките. Деновиве нивото на Треска се спушти на кота 20, што е незнатно над минатогодишното ниво, но ако изостанат јунските дождови, наскоро може да очекуваме и најголемата река да се спушти на ланското ниво-додава Стојкоски.
Тој појасни дека малиот доток на вода од Треска во езерото Козјак, како главна притока, нема да придонесе да се промени состојбата на оваа акумулација, од причина што истото е полупразно без поголеми шанси наскоро барем да се приближи до нивото од пред три и повеќе години. Денес поради повлекување на водата, низ некогашното езеро може да се забележи Треска како река тече низ него.