Зоран Заев е единствениот кој работи на штета на македонските интереси.
СДСМ и Заев сеуште молчат и не кажуваат за што преговараат. Дали на на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата. Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик но и темелите на македонската државност поставени на АСНОМ.
Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Делчев е личност на заедничката историја.
Откако СДСМ и Заев се на власт се урнати сите македонски позиции и за тоа ќе следи одговорност.На народот му е преку глава од ваквите национални понижувања кои ги прави.
Со Заев имаме 4 години порази, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!