Седница на Централен одбор на СДСМ ќе се одржи денеска во 18 часот во хотел Александар Палас во Скопје.
Како што соопштија од партијата, медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти непосредно пред почетокот на седницата.
– Седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни. По завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите за што медиумите ќе бидат дополнително информирани, се вели во соопштението.