Природните раритети познати како Скаменети сватови кај делчевското село Нов Истевник подготвени за туристи. По извршениот надзор во врска со градежните работи за уредување на локалитетот, претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот проектот за уредување и означување на туристички локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље го окарактеризираа како успешен.
-Проектот го реализираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во партнерство со Општина Делчево. Согласно проектот поставени се 4
четири маси со осум вградени клупи, фото летниковец со маса и клупи, пет канти за отпад и информативна табла, истакнаа од Општината.
Претходно, Планинарски-спортски клуб ,,Голак” со поддршка на Општина Делчево ја уреди локална планинска патека од Истевник до Разловци која е комплетно уредена со три информативни табли, 15 патокази и маркација со боја.
-Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и регионот, кој ќе го уживаат како домашните така и странските туристи во делот на активниот и авантуристичкиот туризам, додадоа од Општината.
Од општината очекуваат вакви и слични проекти да бидат реализирани и во иднина.