Целокупниот книжевен опус на писатели и поети родум од Порече беше претставен денеска во малата сала на Домот на културата во Македонски Брод по повод 10 јуни, Ден на културата.

-За Денот на културата во малата сала од Домот на културата беа претставени делата на роднокрајните поети и писатели Саво Костадиноски, Војче Китаноски, Богоја Радески, Цуте Крајчески, Ивица Максимоски и неколку монографии од домашни автори, кои ја третираат историјата на Македонски Брод и занаетчинството во градот, истакна Милена Стојческа, директорка на Домот на културата.

Таа посочи дека целокупниот настан протекнал со целосно спроведување на протоколите за заштита од Ковид-19. Потсети дека жителите на градот овие дела ќе можат да ги видат и во текот на идната недела.