Тим од ПСУ „Јахја Кемал” од Тетово ќе ја претставува Република Македонија на Меѓународно првенство во роботика 2021 – International Robotics Championships FLL (First Lego League).

Домаќин на шампионатот е Грција. Ќе се одржува преку интернет од 24 до 27 јуни. На четиридневниот настан ќе учествуваат повеќе од 200 тимови од над 80 земји од светот.