Општина Чашка распишана тендерска постапка за изградба на ново училиште во село Долно Јаболчиште, на два ката со вкупна површина од 430 квадратни метри.

Повеќе од 180 ученици ќе добијат современо и модерно училиште до деветто одделение, информира градоначалникот Горан Стојановски.

Инаку, досега учениците од шесто до деветто одделение патуваа на настава во училиштето „Лирија“ во Горно Јаболчиште, оддалечено на три километри.

– Вкупната инвестиција е околу 13 милиони денари, од кои над 7 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Чашка, додека останатите се очекува да бидат обезбедени преку Министерството за образование во наредниот период, најави Стојановски.

Тој истакна дека комплетната изградба на училиштето треба да заврши во рок од шест месеци.