Општина Свети Николе ќе се гради мост на реката Мавровица, а во Општина Карбинци ќе се изгради локален пат до селото Парналија. Средствата за овие два инфраструктурни проекти за двете општини се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а градоналниците на Свети Николе и Карбинци, Сашо Велковски и Јордан Насев потпишаа договори за реализација на проектите.

Мостот на светиниколската река Мавровица ќе чини 7.700.000 денари, од кои Општината има обврска да ја обезбеди половина од вкупната вредност.

– Со реализација на овој проект ќе овозможиме поврзување на сите објекти и спортски терени кои се предвидени да се изградат на потегот на Хотел „Овче Поле“, вклучувајќи ја и парцелата, каде е предвидено да се изгради спортскиот базен во Свети Николе, вели Велковски.

Градоначалникот на Карбинци, Насев информира дека изградбата и реконструкцијата на локалниот пат Парналија, врска со регионалниот пат Р2431 е во должина од 1.600 метри. Проектот изнесува 5.200.000 денари.

- Со директорот на Бирото за регионален развој потпишавме договор со кој општина Карбинци обезбеди 5.200.000 денари, за изградба - реконструкција на локалниот пат во село Прналија. Во изградбата на овој пат Општина Карбинци дополнително ќе учествува со околу 3.000.000 денари, Вели Насев.