Новиот член на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на штипска Брегалница, го донесе првото звучно засилување во своите редови за новата сезона, потпишувајќи двегодишен договор со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов.

Централниот дефанзивец се враќа во македонскиот фудбал по пауза од 11 години, а изминатите пет сезони беше член на кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака.

– За нас претставува задоволство што добиваме големо засилување за новата прволигашка сезона. Станува збор за поранешен репрезентативец со богато интернационално искуство, кој треба да донесе стабилност во тимот, но и силен поттик за развој на младите фудбалери во нашиот состав, изјави денеска спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев, за клупскиот сајт на штипскиот прволигаш.


Администратор
21/06/2021 08:59