Во текот на вчерашниот ден (20.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 599 возачи.

Од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница - 66 санкции, на територијата на СВР Тетово - 63...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
21/06/2021 11:04