Партијата Граѓански договор на актуелниот ерменски премиер Никол Пашињан победи на парламентарните избори во Ерменија. Предвременото гласање во Ерменија се одржа вчера со учество на 21 партија и четири коалиции.

Според ерменската ЦИК, партијата на Пашињан освои 53,92 отсто од гласовите. Втор е блокот на Ерменија на поранешниот претседател Роберт Кочаријан со 21,04 отсто гласови. Третото местои припадна на коалицијата „Имам чест” на поранешниот ерменски претседател Серж Саркисјан со 5,23 отсто, но тој мораше да ја надмине бариерата од седум отсто за да влезе во парламентот. Сепак, ерменскиот изборен закон наложува да има најмалку три партии или коалиции во парламентот, во тој случај блокот на Саркисјан ќе влезе во парламентот.

Пашињан рече дека ерменскиот народ извршил „челична” револуција и вети дека ќе започне консултации „со сите здрави политички сили” за „да ги разберат нивните идеи за консолидирање на политичкиот живот и социјалниот потенцијал”.

Тој исто така им се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Михаил Мишустин за поддршката на Ерменија и ерменскиот народ.


Администратор
21/06/2021 11:44