Англискиот фудбалски репрезентативец Фил Фоден, кој спроти ЕУРО2020 ја обои косата, изјави дека и соиграчите се согласиле да го средат неговиот пример и станат русокоси доколку ја освојат европската титула.

– Им реков на колегите дека ако го освоиме ЕУРО сите ќе ја обоиме косата. Сите се согласија, а тоа значи дека по Европското првенство сите ќе има руса боја на косата, изјави англискиот играч за врска од редовите на Манчестер Сити

Тоа навистина го направија романските фудбалери на Мундијалот 1994 кога влегоа во кавга со своите новинари. Потоа, предводени од легендарниот Георге Хаџи во осминафиналето ја елиминираа Аргентина, а во четвртфиналето беа поразени од Шкотска. Пласманот меѓу осумте најдобри репрезентации во светот и натаму е најдобро остварување во историјата на романскиот репрезентативен фудбал.

Непосредна инспирација на Фоден за примена на имиџот, сепак, е поранешниот англиски репрезентативец Пол Гаскоњ, кој стана русокос пред ЕУРО1996, чиј домаќин беше Англија.

Англиската репрезентација во првите два натпревари од групата Д на ЕУРО2020 ја совлада Хрватска (1:0) и одигра без голови против Шкотска и со четири бодови влегува пред завршниот натпревар во групната фаза против Чешка во Лондон.


Администратор
21/06/2021 15:06