Македонските фудбалери вечерва против Холандија под силни емоции ќе го играат завршниот натпревар на ЕУРО2020 по објавата на капитенот Горан Пандев дека за последен пат го облекува репрезентативниот дрес.

Илустрирајќи ја атмосферата во националниот тим пред натпреварот што започнува од 18 часот во Амстердам, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави попладнево фотографии полни со емоции на кои се капитенот Пандев и неговиот децениски соиграч во репрезентацијата Стефан Ристовски.

Пандев вчера објави повлекување од националниот дрес во кој дебитираше во јуни 2001 година, заминувајќи во историјата како рекордер според бројот на настапи и постигнати голови во „црвено – жолтиот“ дрес.


Администратор
21/06/2021 15:25