Во текот на вчерашниот ден (30.06.2021) Секторот за внатрешни работи Штип спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 65 возачи.
Од нив, 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.