Во текот на вчерашниот ден (07.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 323 возачи.
Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 60, а потоа на територија на СВР Битола - 49, на територија на СВР Скопје – 46...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.