Македонскиот ракометен прволигаш Голден Арт потпиша договор со Марио Миланов, Есад Дрпљанин и Даниел Ацев.

– Тројцата млади играчи кои во минатата сезона играа во прволигашот Шампион, од оваа сезона се дел од нашиот колектив. 20-годишните Марио, Есад и Даниел кои играат на позиција среден бек, лево крило и голман ќе имаат можност во нашата средина да работат на високо ниво, добивајќи шанса да го покажат својот талент и истиот да го надградат под плаката на стручниот штаб на чело со тренерот Никола Матлиески. Им посакуваме добредојде, многу успех и среќа во реализација на заедничките цели во следниот период, објави Голден Арт.

Клубот во новата сезона ќе влезе со амбиции да избори пласман кој ќе обезбеди враќање во Суперлигата.


Администратор
23/07/2021 16:18