На 22.07.2021 околу 21:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса.

Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот


Администратор
24/07/2021 03:26