Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол...
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.