Три денови по доаѓањето на португалското лево крило Рибеиро, македонскиот ракометен прволигаш Металург денеска се засили и на позицијата лев бек, потпишувајќи двегодишен договор со Французинот Абдула Мане.

Дваесетипетгодишниот Французин доаѓа во скопскиот прволигаш од екипата на Дижон, а претходно во кариерата настапуваше и за Безансон, Белфорт и Мулхаус.

По браќата Нокас, Мане е третиот француски ракометар во Металург и вкупно седмо засилување на екипата за претстојната сезона. Претходно, Металург ги засили своите редови и со пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.


Администратор
24/07/2021 17:38