Пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес вчера два часа се бореле со огнот во боровата шума над соборната црква „Св.Пантелејмон“ каде се наоѓаат и градските гробишта и со брза и навремена интервенција спречиле поголема штета.

Како што изјавија изутринава за МИА од ТППЕ Велес, огнот во боровата шума во непосредна близина над црквата „Св Пантелејмон“ бил пријавен во 13:25 часот, а бил изгаснат во 15:35 часот.

Пожарникарите за интервенција на пожарот излегле со две пожарникарски возила со вода и шест пожарникари. Во пожарот биле изгорени дваесетина борчиња над црквата и три-четири декари сува трева.

-Со брза и навремена интервенција на ТППЕ Велес сепак огнот е изгаснат и спречена е поголема трагедија, информираат од ТППЕ Велес.


Администратор
26/07/2021 12:35