На 26.07.2021 во перодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот.

За време на акциската контрола се констатирани 47 прекршоци од кои 33 по акциската контрола и сите биле соодветно санкционирани.

При контролата биле санкционирани 22 мотоциклисти поради некористење заштитен шлем - кацига, 2 возачи поради управување возило без возачка дозвола, а поради измината важност на регистрацијата одземени се 9 мотоцикли, по чл.344 од ЗБСП. За време на контролата откриени и законски санкционирани се 14 останати прекршоци.