На 30.07.2021 година околу 14 часот во СВР Охрид, добиено е известување за повредени лица на некатегоризиран шумски пат, во атарот на струшкото село Радожда.

Од извршениот увид било констатирано дека при пад од скутер, со повреди се здобиле В.Ј.Т.(33) и П.Т.(28), двајцата од Полска.

Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им се констатирани телесни повреди.


Администратор
31/07/2021 13:19