Репрезентацијата на Канада ќе игра во финалето на женскиот олимписки фудбалски турнир. Канаѓанките попладнево гои совладаа Соединетите Американски Држави со 1:0.

Победничкиот гол го постигна Џеси Флеминг во 74.минута.

Селектор на САД е Македонецот Влатко Андоновски кој заедно со своите избранички ќе мора да се задоволат со меч за бронзениот медал.

Противник на Канада во дуелот со златото ќе биде поуспешниот тим од второто полуфинале во кое ќе се соочат Австралија и Шведска. Овој меч ќе започне во 13 часот по македонско време.


Администратор
02/08/2021 13:32