Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер објави денеска дека започнува амбициозен проект за развој на својата ракометна академија.

– Никогаш поорганизирани и талентирани, од менаџментот на клубот најавуваат план за развој и продукција на млади категории, под стручното око на врвни стручњаци и луѓе со потребна едукација за работа со млади категории, соопшти битолскиот прволигаш.

Еурофарм Пелистер ќе пријави по две екипи во пионерска, кадетска и младинска конкуренција во шампионатите за сезоната 2021/22.


Администратор
18/09/2021 00:18