Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Р.Б.(53) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 01.04.2021 во Неготино, пријавениот од банкарска картичка на С.М. од Неготино во осум наврати извадил 84.000 денари, откако претходно ја обезбедил картичката и пин кодот за користење на банкомати.


Администратор
18/09/2021 03:44