Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера во 22:00 часот на улица „Иван Хаџиниколов“, го лишиле од слобода Д. К. (30) од Скопје.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, таблети екстази, семки од растението канабис и две дигитални ваги, информираат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.