Денеска без електрично напојување останаа повеќе села во Беличка река и дел Копачка поради зафати на електродистрибутивната мрежа.

Без електрично напојување од утринава од 8 часот, останаа селата Пополжани, Брждани, Свињишта, Козица,Белица, Долно и Горни Добреноец и Подвис.

Како што информираа од ЕВН Кичево се работи на терен и електричното напојување во овие села ќе биде воспоставено од 15 и 20 часот.