Во изминатите 24 часа во Тетовската клиничка болница има починато едно лице меѓу хоспитализираните во Ковид – центарот. Починатото лице е родено 1952 година.

-Во изминатиот период имаме 27 прегледи кај лица во амбулантскиот дел од Ковид – центарот. Прием бил направен само на еден нов пациент, информираше д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид – центарот.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје, во тетовскиот регион од почеток на пандемијата има 10 778 заболени со коронавирус, а во моментот како активно болни се водат 959 луѓе. Починати од почетокот на пандемијата досега се 489 луѓе.


Администратор
24/09/2021 16:46