Претпладнево избувна пожар во шумата на планината Еленица, над селото Вељуса кај Струмица.

Според очевидци од селото, зафатена е нискостеблеста шума на околу три километри јужно над селото на непристапен терен, а чадот од пожарот може да се забележи оддалеку.

Според информации од ТППЕ Струмица нивни екипи веќе се упатени кон местото на пожарот.

– Таму се три против пожарни возила со 14 пожарникари, кои веќе го стават под контрола пожарот, кој се заканува да се прошири заради повремениот ветер, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.


Администратор
26/09/2021 13:53