Италијанскиот фудбалски тренер Антонио Конте останува приоритетна опција на Манчестер јунајтед во случај на отпуштање на Оле Гунар Солскјер.

Според новинарот Николо Шира, Италијанецот се согласува да го води тимот, но сака да потпише тригодишен договор.

Раководството на Манчестер јунајтед се очекува во блиска иднина да донесе одлука за иднината на Солскјер.

Англиските медиуми шпекулираат дека Норвежанецот сигурно ќе добие отказ, особено по поразот од Ливерпул во неделата на домашен терен со убедливи 5:0.


Администратор
26/10/2021 11:56