Оле Гунар Солскјер може да ја задржи функцијата главен тренер на Манчестер јунајтед. Претходно беше објавено дека клубот имал контакт со екс-тренерот на Интер Антонио Конте по поразот на Манчестер јунајтед од Ливерпул (0:5).

Сепак, според „Sky Sports“, тоа не било така. Солскјер не се очекува да добие отказ. Клубот смета дека и покрај горкото разочарување и резултатот толку болен за сите, сега главното внимание треба да се посвети на подобрување на ситуацијата – тимот освои само еден бод на последните четири натпревари во Премиер лигата и го зазема 7. место на табелата. Дури и покрај лошите резултати и гласините во Манчестер јунајтед, нема навестување дека 48-годишниот Норвежанец во моментов е во опасност да добие отказ.

Манчестер Јунајтед пред репрезентативната пауза ќе игра против Тотенхем (30 октомври), Аталанта (2 ноември) и Манчестер Сити (6 ноември).


Администратор
26/10/2021 15:33