Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи.

При контролата санкционирани се 101 возач, од кои 32 на територија на СВР Скопје, 14 на територија на СВР Битола... При акциската контрола санкционирани се и 136 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли.