СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Пријавениот, во текот на февруари 2019 година, преку сопствената девизна трансакциска банкарска сметка во банка во три наврати реализирал приливи на девизни парични средства во вкупен износ од 28.000 евра во денарска противредност остварени како друг доход.

Како даночен обрзник бил должен да пријави, пресмета и плати персонален данок на доход во износ од 10% или вкупен износ од 172.200 денари, за кој износ и го оштетил Буџетот на Република Македонија.