Пилотот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на денешната трка во Мото ГП возена во Индонезија.

Второто место му припадна на Фабио Квартаро од Јамаха, а трето на Жоан Зарко од Прамак-Дукати.

Полјакот Квартаро на стартот падна на петтото место, каде што помина значителен дел од трката, но потоа шампионот успеа да се пробие на второто место. Хорхе Мартин (Прамак) и Андреа Довициозо (РНФ) се откажаа, додека Марк Маркез (Хонда) ја пропушти трката поради падот на утринското загревање.

Резултати на првите петтопласирани:

Мигел Оливеира (КТМ) – 20 круга Фабио Квартаро (Јамаха) +2,205 секунди Жоан Зарко (Прамак-Дукати) +3.158 Џек Милер (Дукати) +5.663 Алекс Ринс (Сузуки) +7.044. Генерален пласман на првите пет:

Енеа Бастианини – 30 бода Бред Бајндер – 28 Фабио Квартаро – 27 Мигел Оливеира – 25 Жоан Зарко – 24.